ПРАВНИ ЗАБЕЛЕШКИ

ПРАВНИ ЗАБЕЛЕШКИ

Интернет страницата достапна преку линкот carstore.automobilesk.mk е наменета за лично информирање на корисниците. Прикажаните понуди се однесуваат на возила на лагер.
Со ваше поврзување на оваа веб страница, безусловно ги прифаќате во целост условите на употреба.

Издавање

Веб страницата carstore.automobilesk.mk е публикувана и одржувана од:

Аутомобиле СК ДОО, Ексклузивен увозник за марките Fiat, Fiat Professional, Alfa Romeo, Jeep и Abarth, ул. Скупи бр.8, 1000 Скопје, Македонија
Контакт e-mail: marketmk@autosk.com.mk

Информации за производи и услуги

Информациите, цените и фотографиите кои се наоѓаат на веб страницата carstore.automobilesk.mk се од информативнa природа, не се обврзувачки и се базираат на постоечките технички карактеристики во моментот на превземање или ажурирање.

Опремата на возилата прикажани на веб страницата carstore.automobilesk.mk е во серија или опционал, зависно од верзијата. Како резултат на политиката за постојано подобрување, производите, техничките карактеристики, опремата, опционалите и боите на возилата може да бидат променети во секој момент. Боите може да не бидат верни, бидејќи актуелната технологија не дозволува верна репродукција на боите.

За точниот изглед на моделите и/или верзиите на оваа веб страница, како и нивното ниво на опременост, бои, опционали и дополнителна опрема ве молиме да се консултирате во најблиското продажно место на Fiat, Fiat Professional, Alfa Romeo, Jeep и Abarth во Македонија. Информациите, цените и фотографиите прикажани на оваа веб страница се од генерална природа и не се договорни. Можни се грешки или пропусти од техничка природа за што компанијата не сноси одговорност.

Прикажаните цени во евра се валидни во денарска противредност по курс 61,8.

Сопственикот на оваа веб страница carstore.automobilesk.mk ги поседува сите права за промена или ажурирање на информациите за возилата на лагер без претходна најава, како и право на промена на содржината, производите и услугите прикажани на оваа веб страница.

Заштита на лични податоци

Не сте обврзани да го откривате вашиот идентитет или да внесувате било каков личен податок за консултација на carstore.automobilesk.mk.

Имате на располагање право на пристап и на промена на личните податоци кои ќе ги внесете со испраќање на пошта на следната адреса:

Аутомобиле СК ДОО, Ексклузивен увозник за марките Fiat, Fiat Professional, Alfa Romeo, Jeep и Abarth ул. Скупи бр.8, 1000 Скопје, Македонија или на e-mail: marketmk@autosk.com.mk

Некои податоци кои се од личен карактер се потребни за да одговориме на вашите барања за информации. Како што налага законот за заштита на лични податоци, податоците кои се задолжителни се одбележани со ѕвездичка на страниците на carstore.automobilesk.mk.

Останатите факултативни податоци се бараат со цел подобро да ги разбереме вашите барања за да ја подобриме нашата понуда на услуги.

Собраните податоци се обработуваат електронски. Имате право на пристап, промена, поправка, или бришење на вашите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.

За да го имате ова право треба да ни напишете на :

Аутомобиле СК ДОО, Ексклузивен увозник за марките Fiat, Fiat Professional, Alfa Romeo, Jeep и Abarth, ул. Скупи бр.8, 1000 Скопје, Македонија или на e-mail: marketmk@autosk.com.mk